Сопственичка на позната пекарница е пронајдена мртва- косата ѝ се заплеткала во машина за тесто

13.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопственичка на позната пекарница е пронајдена мртва- косата ѝ се заплеткала во машина за тесто

Според првичните извештаи, несреќната жена, под сè уште нејасни околности, трагично починала кога косата ѝ се заплеткала во машината за месење тесто, објави Катимерини.

И покрај непосредната мобилизација на вработените и интервенцијата на лекарите од итната помош кои брзо пристигнале на местото на настанот, жената за жал починала.

Околностите под кои се случила несреќата ги истражуваат полициските власти.

Истрагата е во тек и нејзината смрт не се третира како убиство, туку како несреќа.

Пекарницата каде што се случила трагедијата нема да биде отворена во следните неколку дена.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата