Снимен е моментот на убиство на Албанец во затвор во Грција-повреден е и човек од Косово(ВИДЕО)

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Снимен е моментот на убиство на Албанец во затвор во Грција-повреден е и човек од Косово(ВИДЕО)

Камерите го снимиле моментот кога двајца затвореници му приоѓаат на Алфонсо Дочи (35) и го прободуваат со нож.

Во нападот бил повреден и затвореник (46) од Косово, кој итно бил пренесен во болница. Иако медиумите прво пишуваа дека тепачката избила меѓу Дочи и маж од Косово, се испоставило дека овој е „случајна жртва“, а Албанецот Х.Ч.(45) признал дека го избодел Дочи.

Сега грчките медиуми објавија и снимка од безбедносните камери на која се гледаат последните моменти од животот на Дочи. Медиумите потсетуваат дека Дочи е осуден за убиства на грчки бизнисмен и една постара жена во 2017 година, кои ги убил при грабеж.

Во 2018 година, за време на трансферот на Крит, Дочи успеал да побегне од бродот и два дена подоцна е уапсен, а потоа префрлен во затворот Коридалос, најголемиот и најбезбеден затвор во Грција.

Токму во тој затвор на 26 јуни околу 13 часот се случила фатална тепачка со други затвореници. Претходно, чуварите им наредиле на затворениците, кои имале „слободно време“, да се вратат во ќелиите, што некои одбиле да го сторат бидејќи било премногу топло.

Потоа дошло до вербална пресметка меѓу Дочи и уште некои затвореници, а потоа и физичка пресметка. Потоа еден од двајцата со кои Дочи се судрил извадил рачно изработен нож и смртно го прободел Дочи и го ранил затвореникот од Косово.

Затворот бил под опсада со часови, а мораа да интервенираат и припадници на специјалните единици.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата