Словенија не размислува за воведување контроли на границата со Хрватска

19.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Словенија не размислува за воведување контроли на границата со Хрватска

„Во овој момент Владата не размислува за воведување контроли на границата со Хрватска, иако Шенгенскиот кодекс тоа го овозможува“, изјави Штуцин за словенечките новинари по пристигнувањето на состанокот на Советот за општи работи во Брисел.

Тој посочи дека Хрватска треба да направи се што може за да го ограничи бројот на илегални влегувања, како и земјите од Западен Балкан преку кои доаѓаат мигрантите.

Словенечката полиција соопшти дека од почетокот на оваа година, кога Хрватска влезе во Шенген зоната, значително е зголемен бројот на илегални преминувања на границата.

Од почетокот на годинава до крајот на август полицијата евидентирала 36.137 нелегални влегувања, додека во истиот период минатата година имало 13.601. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата