Сите се осомничени во случајот со исчезнувањето на Данка, наведуваат од полициската истрага

2.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сите се осомничени во случајот со исчезнувањето на Данка, наведуваат од полициската истрага

Таа додаде дека сите се осомничени, но дека не сака да лицитира со имиња, јави дописникот на МИА од Белград.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна минатиот вторник во Бањско поле кај Бор, влезе во осмиот ден, а истрагата на територијата на Србија е проширена.

Во истрагата за нејзиното исчезнување се вклучи и виенската полиција, откако на улица во Виена се појави видео од две жени со девојче кое изгледа како двегодишната Данка Илиќ како игра покрај нив. Министерството за внатрешни работи на Црна Гора апелираше до граѓаните доколку имаат информации за Данка да го известат Интерпол.

Полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ како гостинка на Дневникот на РТС изјави дека не може да зборува за конкретни податоци од истрагата, но изјавила дека истрагата е многу динамична, обемна, со целосна координација од првиот ден.

-Се вршат проверки на сите можни факти и околности. Се проверуваат сите лица кои можат да се доведат во каква било врска со споменатите настани. Како што е вообичаена полициска пракса во моментот кога дете е пријавено за исчезнато, првите мерки што се преземаат првенствено се однесуваат на обиколка и пребарување на теренот во најтесниот круг на местото на настанот, изјави Отовиќ Пјановиќ.

Таа посочи дека истрагата и претресот на теренот не само што се вршеле во тој тесен круг на местото на инцидентот, туку е проширен и на сите можни гранични премини, приоди, патишта кои водат до граничните премини со цел да се елиминираат секаква можност некој да ја напуштил Србија.

Таа наведе и дека се преземени сите можни снимки од сите можни камери, од сите можни правци, а проверки не се вршат само во Полициската управа во Бор и самиот град Бор, туку и во околните управи.

-Секое лице кое поминало во која било насока и кое можело да се поврзе, во зависност од околностите, дали биле таму некаде во непосредна близина во моментот на исчезнувањето на девојчето, се доведува во полиција, се врши разговор, а елиминацијата ќе продолжи, се разбира, кога ќе го добиеме несомнениот факт дека некој не може да биде поврзан со извршување на некое дело, рече полицискиот мајор Отовиќ Пјановиќ.

Како што кажа, истиот ден на терен биле специјалци од различни области на МВР, со координација на Управата за криминалистичка полиција.

Зборувајќи за видео снимката во Виена, на кое се гледа девојче која личи на Данка Илиќ, таа рече дека се работи на проверка на автентичноста на наведеното видео.

-Шефот на Службата за сузбивање на криминал стапил во директен контакт со човекот кој го доставил предметното видео за да можеме да видиме, бидејќи имавме многу лажни видеа и објави и слично, дали се работи за добронамерна или злонамерна личност. Човекот отиде, поднесе пријава со координација, рече Отовиќ Пјановиќ.

Потоа следуваше распишување жолта потерница на Интерпол која се издава кога постои сомнение дека може да се најде исчезнато лице во Србија и надвор од Србија.

На прашањето дали постои можност девојчето да е жртва на трговија со деца, таа кажа дека во моментов полицијата ништо не исклучува.

Медиумите деновиве пишуваат дека девојчето можело да исчезне ден претходно, а полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ наведува дека на самиот почеток, кога едно лице се води за исчезнато, се проверуваат околностите и веродостојноста на пријавата. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата