„Сите Грци ќе ги собере под една маслинка“- алармантен апел на грчките демографи

8.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Сите Грци ќе ги собере под една маслинка“- алармантен апел на грчките демографи

Во 2022 година Грција забележала најмал број раѓања, што е алармантна бројка, за што во иднина мора да се преземат сериозни чекори, објави Хеленик Њуз.

Феноменот на низок наталитет во Грција како и стареењето на населението е факт кој континуирано се развива веќе 35-40 години.

Инаку, Грција е една од земјите со најнизок наталитет во Европа, а во некои села со години нема родени.

Министерството за здравство сега интензивно работи на подигање на свеста за важноста од мерење на индексот на плодност и зачувување на здрави јајце клетки за подоцнежно оплодување.

„Ќе обезбедиме 500 бесплатни прегледи на 40 острови“, нагласи директорот на Грчкото друштво за репродуктивна медицина, Константинос Патулис.

„Веќе четврта година имаме негативен биланс меѓу родените и умрените во нашата земја. Се проценува дека во 2050 година населението на Грција нема да надмине 7,5 милиони“, рече тој.

Директорот на Грчкото здружение за репродуктивна медицина рече дека нема доволно информации за фертилитетот и третмани за неплодност во Грција.

Само една жена од 10 знае дека по 35-тата година резервите на јајце клетки постепено се намалуваат, што го достигнува својот врв по 40-тата година. Шансите жената да забремени по 40-та година се меѓу 30 и 50 проценти, додека во реалноста е меѓу 3 и 5 проценти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата