Силен ветер урна далновод во БиХ, па избувна голем пожар- евакуирани жителите (ВИДЕО)

2.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силен ветер урна далновод во БиХ, па избувна голем пожар- евакуирани жителите (ВИДЕО)

Поради силни налети на ветер паднал далновод и предизвикал голем пожар, пренесува Аваз.

Сите расположливи пожарникари се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот и да го стават под контрола.

„Точно е дека имало пожар и дека сите пожарникари се на терен, само тоа можам да ви кажам засега“, изјавил за „Аваз“ оперативецот од дежурната полициска станица.

Читателите на Аваз јавуваат дека поради пожарот било евакуирано и населението.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата