Шефот на дипломатијата на Србија: Нема да има санкции од ЕУ поради посетата на Вучиќ на Москва

10.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шефот на дипломатијата на Србија: Нема да има санкции од ЕУ поради посетата на Вучиќ на Москва

Тоа денеска го изјави српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ , јави допписникот на МИА од Белград. Тој додаде дека српската дипломатија покажала „доследност“ во изминатите неколку дена.

Во изјава за РТС Ѓуриќ нагласи дека во наредните денови претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, ќе го посетат Белград, и очекува зајакнување на односите со Брисел, што „нема да биде на сметка на избалансираната надворешна политика на Србија“.

„Нема да има прекин на (европската) интеграција ниту санкции, тоа наскоро ќе се види, дека можеме само да очекуваме континуиран развој“, рече Ѓуриќ.

Шефот на српската дипломатија додаде дека Србија сака да го забрза развојот на односите со САД, дека претстои стратешки дијалог со официјален Вашингтон, како и дека го очекува доаѓањето на новиот американски амбасадор.

Ѓуриќ, исто така, најави дека во блиска иднина ќе биде објавена голема покана под името „Биди српски дипломат“, преку која студенти и експерти ќе бидат поканети да се приклучат во редовите на српската дипломатија, преку која Србија сака да „го прошири своето присуство во клучните геополитички центри“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата