Сериозни критики од Грција за Албанија!

15.08.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сериозни критики од Грција за Албанија!

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетрис по тој повод, денес упати остра порака кон Албанија, вели дека дека со начинот на кој функционира си пука во нога.

Министерот за тоа зборуваше во утринската програма на телевизијата ЕРТ. Тој рече дека Белерис, кој е етнички Грк, незаконски е држен во истражен притвор, со што се нарушува владеењето на правото.

Фреди Белерис, кој беше избран за градоначалник на Химара, град населен претежно од етнички Грци, во мај беше повторно избран на таа функција. Тој е обвинет од страна на албанските власти дека до функцијата дошол со купување гласови. Белерис денеска може да го пропушти рокот од три месеци во кој треба да даде заклетва, по што би биле распишани нови избори за градоначалник на Химара. Гераптритис изјави дека доколку се случи тоа ќе значи сериозно влошување на односите на Грција со Албанија.

Тој вели дека имал два тешки телефонски разговори со неговата албанска колешка во кои таа се изразила позитивно за разрешување на проблемот. Особено за положувањето заклетва, иако Белерис е во притвор. Но оттогаш ништо не се случило.

Потоа тој испратил остро писмо до министрите за надворешни работи на ЕУ и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел. Герапатритис вели дека во писмото нагласил дека постапките на Тирана во овој случај „претставуваат сериозна пречка за еволутивниот пат на Албанија кон европското семејство“.

Инаку вчера во Химара се одржа протест за поддршка на Фреди Белерис, а на него присуствуваа и градоначалниците на Атина и Солун.

На протестот, одржан во центарот на Химара, се обратија градоначалниците на Атина и на Солун, кои порачаа веднаш да биде ослободен Белери зашто „во прашање ја доведува еворинтеграција на Албанија“.

За градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис, притворот на Фреди Белери го нарушува владеењето на правото.

-Химара има градоначалник, вие сте избрале градоначалник а тој е Фреди Белери. Има право да положи заклетва како градоначалник и да ги преземе своите должности. Тоа е негово право, но тоа е и право на Химаријотите. Сакам да и посакам добредојде на Албанија во европското семејство, сакаме да живееме заедно во нашата голема куќа, но на оваа куќа и требаат темели, владеење на правото, демократија, тоа се нашите принципи и за нив не се преговара, порача тој.

Градоначалникот на Солун, обвини дека на „Фреди Белери му се кршат правата“ додавајќи дека „овие простори се исполнети со љубов кон хеленизмот“.

-Стојам овде пред вас и ја наведнувам главата во знак на почит, храброст и борба да прифатам ништо помалку од слобода. Оваа битка ќе ја водиме заедно онолку долго и секаде каде што е потребно. Го пренесувам гласот на Солун, кој отсекогаш бил центар на хеленизмот на Балканот, на Медитеранот, кој е татковина на бегалците и светилник на правдата. Обидот да се елиминира Фреди Белер поставува пречки на европскиот пат на Албанија, рече тој.

На протестот зборуваше и поранешниот албански министер за правда, сега адвокат, Или Мањани според кого „Белери неправедно се држи во затвор“ и му порача на премиерот Еди Рама „да не си поигрува со нервите на Химаријотите“.

Според информациите што претходно ги објави телевизијата СКАИ, албанската полиција доставила документ со кој „не се одобрува“ ваквиот собир со кој се бара итно ослободување на Белерис, наводно дека не бил навреме пријавен. Директорите на грчката организација организација „Омонија“ одбиле да го примат документот и од нивна страна се отфрлени таквите наводи на албанските власти.

Потпретседателот на Европската комисија за заштита на европскиот начин на живот, Маргаритис Схинас, се обрати со видео порака до насобраните на протестот во Химара опишувајќи го притворањето на Фреди Балерис како „длабоко антиевропско“.

Тој нагласи дека „европскиот начин на живот значи демократија, правда, слобода да се избира и да се биде избран“. И дека тоа е основа за сите земји кои сакаат да станат членки на европското семејство и Албанија не може да биде исклучок.

Схинас објави дека неодамна побарал од одговорното лице за европското проширување јасно да ѝ стави до знаење на Албанија дека случајот со избраниот градоначалник на Химара не треба да застане на патот на европските амбиции на Албанија и албанскиот народ.

Повика Албанија да не инсистира на тактика која не е во нејзина корист. „Многу време е изгубено, но дури и во последен момент не е доцна да се врати неправдата што му се случува на Фреди Белерис“, рече Схинас.

Тој уверува дека и во последен час Фреди Белерис ќе ги преземе своите должности како градоначалник, подвлекувајќи дека „ниту една друга опција не може да биде прифатена од ЕУ“.

„Јас сум со вас, покрај вас и ќе успееме“, рече тој обраќајќи им се на присутните на митингот.

Градот Химара и неговата околина е едно од најубавите места на албанскиот брег и се наоѓа на Јонското Море.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата