Во престрелката загина Никола Крсмановиќ (33), а тешко е ранет Вјекослав Илиќ (50), објави Телеграф.
Артан во интервју за Лајми.нет тврди дека извесно време бил во Германија.
„Дојде Фатон овде и ми ги украде документите“, изјави Артан во директниот пренос.
Истата приказна претходно ја имал и нивниот татко Мустафа Хајризи.
„Фатон отишол во Германија кај брат му и му го украл пасошот. Артан веќе осум години работи во Германија. Се слушнавме со него“, изјави Мустафа.
Фатон е озлогласен криминалец. Тој беше осуден за убиство на руски војник, припадник на КФОР, пред две децении во близина на Дреница. Дури девет пати бегал од затвор, а се огласи на социјалните мрежи по последното бегство.
- Јас сум Фатон Хајризи, кој се приклучи на ОВК и отиде во војна како 14-годишен. Јас сум Фатон Хајризи кој делуваше на север во 2006-2007 година за доброто на оваа држава. Не е нормално, 23 години ме држеа во затвор, денес имам 40 години – се пожали на ТикТок.
Да потсетиме, Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека на лице место е пронајден пасош, кој бил издаден од Косовските власти, на име на Артан Хајризи.
Потрагата по убиецот е во тек, таа е проширена многу подалеку од регионот на Лозница, дури и до Република Српска.
По синоќешното убиство на полицаецот Никола Крсмановиќ (34) и ранувањето на неговиот колега Вјекослав Илиќ (50), полицијата интензивно трага по стрелецот. Уапсен е возачот на „мерцедесот“ со тутински регистарски таблички од каде што се пукало.