Се огласи австриската полиција за снимката на девојче, кое личи на Данка

2.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи австриската полиција за снимката на девојче, кое личи на Данка

Да потсетиме, помина повеќе од една недела од исчезнувањето на малата Данка, на која ѝ се губи секаква трага во Бањско поле, на истокот на централна Србија,објави Индекс.

„Не можеме со 100% сигурност да кажеме дали исчезнатото девојче е на видеото“, изјави денеска за Клајн Цајтунг портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих.

Тој рече дека австриската полиција се уште се обидува да го потврди идентитетот на девојчето од видеото со помош на достапната технологија.

„Човекот кој го направи видеото е сослушан и во моментов нема други сведоци. Приоритет на полицијата е да го пронајде девојчето од видеото и двете жени со кои била. Истрагата е во тек и нашите детективи добро напредуваат. Штом имаме нови информации, веднаш ќе ја информираме јавноста“, изјави портпаролот на виенската полиција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата