Русија му испратила предупредување на Вучиќ дека се подготвуваат масовни немири

9.08.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија му испратила предупредување на Вучиќ дека се подготвуваат масовни немири

Претседателот на тој начин ја потврдил информацијата што се појави претходно во медиумите, дека „има масовни немири чија крајна цел е државен удар и соборување на легитимно избраното раководство на земјата“. За ова беше прашан при обиколка на работите во тунелот „Иришки венец“ и тој ги потврди наводите, пренесе Телеграф.

- Денеска добивме официјална информација од Руската Федерација, пренесена преку официјални канали. Ние се справуваме со тоа, одговорна е БИА, а луѓето специјализирани за тоа во Владата на Србија и на сите други места си ја вршат својата работа. Но, тие што фантазираат дека нешто ќе направат со сила - нема. Србија неуморно оди напред, не можат и нема да ја спречат и никој никогаш нема да ја спречи. Тоа е мојата порака до сите, луѓето не треба да се грижат – изјави Вучиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата