Рубио планира посета на Западен Балкан

5.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рубио планира посета на Западен Балкан

Средбата била во првиот ден од министерскиот состанок на НАТО. За време на „кратката, значајна средба“, двајцата размениле мислења за актуелните билатерални и регионални прашања.

-Во разговор со Ибрахимовиќ, Рубио најави дека планира посета на Западен Балкан, при што ќе ја посети и Црна Гора, се вели во соопштението на МНР на Црна Гора.

Ибрахимовиќ ја истакнал важноста од континуиран дијалог и партнерство меѓу Црна Гора и САД, особено во контекст на заедничките безбедносни предизвици.

-Двајцата се согласија дека посетата претставува дополнителна можност за зајакнување на билатералната соработка и потврда на силните сојузнички односи меѓу двете земји, се додава во соопштението. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата