Градоначалникот Пали Колефски ова го посочил на средбата на Рама со градоначалниците.
- За време на оваа значајна средба со премиерот Еди Рама, градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски, јасно и конкретно ги изнесе проблемите со кои се соочуваат нашите граѓани во процесот на легализација, објави општина Пустец.
Во видео објавата градоначалникот нагласува дека иако се направени позитивни чекори во оваа насока, сè уште постојат пречки и доцнења во обработката на предметите на жителите на Пустец.
-Легализацијата на објектите почна пред многу години, а се уште нерешени се 107 барања на граѓаните. Во тој контекст проблем е и легализацијата на објекти, куќи за домување на сопствен имот, кој се наоѓа на територија прогласена за заштитено подрачје, вели Колефски.
Во однос на второто прашање Рама категоричен дека „објектите кои биле изградени пред Преспа да биде прогласена за национален парк остануваат и ќе бидат легализирани“, но оти „нема да се дозволи нови градби во заштитено подрачје“.