Според него ЕУ и Европа се единственото место каде што Албанија сака да биде, "единственото место каде што сакаме да им ја оставиме на идните генерации безбедноста што ја оставаме во единствениот простор каде што може да се гарантираат слободите, правата, владеењето на правото и безбедноста".
-Така да, овој момент е посебен и морам да му се заблагодарам на Владимир Путин, кој поради суровата војна на агресија ги разбуди и најскептичните и ги натера да ја видат реалноста дека Западен Балкан е неопходен за посилна ЕУ колку што и ЕУ е неопходна за Западен Балкан, изјавил Рама, објавија албанските медиуми.
Според него, и двете страни сме на иста бранова должина.
-Ќе дадеме се од себе и ќе трчаме брзо за да се погрижиме овој извонреден прозорец на можности да не се затвори без нас, внатре во Европската унија... Ќе ја направиме Албанија подготвена за Европската унија до 2030 година, нагласил Рама.