Радев по телефонскиот разговор со Сиљановска Давкова: Македонија е подготвена да ни помогне во справувањето со последиците од поплавите

5.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Радев по телефонскиот разговор со Сиљановска Давкова: Македонија е подготвена да ни помогне во справувањето со последиците од поплавите

-Благодарност до претседателката Гордан Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на РСМ да обезбеди поддршка за справување со последиците од невремето, напиша шефот на бугарската држава.

Интензивните дождови и поплави зафатија голем број области во Бугарија, при што дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до погодените региони е ограничен. Во поплавите загинаа четири лица, а активностите за справување со последиците продолжуваат при што доброволци, воени и социјални тимови работат на расчистување на патиштата, обезбедување на населението и нормализирање на секојдневниот живот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата