Радев ја обвини владата дека за разлика од него, таа не се бори доволно за националните интереси..
-Во времето кога ја претставував Бугарија на Европскиот Совет и за време на привремените влади, не можеше ниту да се помисли за таков став кон нашата земја.Не само што не дозволивме легитимирање на македонизмот со започнување преговори за членство во ЕУ, туку за прв пат го покренав прашањето пред нашите партнери дека таа земја има Бугари и тие имаат права.Сега гледаме дека не само што одбраната на националниот интерес од страна на владата не е на потребното ниво, туку ова го поставува и прашањето дали тие се свесни што точно е нашиот национален интерес во однос на Македонија и како се брани. За мене е загрижувачки што бугарските политичари и партии не можат да го наметнат нашиот национален интерес и визија во своите политички семејства, порача бугарскиот претседател Радев.