Пукање во Белград, ранет Македонец

22.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукање во Белград, ранет Македонец

Две лица се ранети во престрелката што се случи вечерва во белградската населба Врачар во центарот на српскиот главен град. Престрелката се случила на аголот од улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“.

Како што дознава „Телеграф“, еден од ранетите е 29-годишниот А.П.(29) кој веќе и е познат на полицијата поради бројни криминални дела. Станува збор за лице со 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништво итн. по кое во тек била и потера за издржување затворска казна. Тој бил застрелан во ногата и е надвор од животна опасност.

Во пукањето е повреден и македонскиот државјанин, 21-годишниот Д.Л.. Тој бил застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П, или пак случајно бил ранет.

Полицијата интензивно трага по сторителот, а во сила е антимафијашката акција „Вихор“. Според очевидци тој има околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата