Прва жртва од високите температури во Албанија

19.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прва жртва од високите температури во Албанија

Според медиумите станува збор за 80-годишен старец кој вчера попладне бил пронајден без знаци на живот кај магистралниот пат Росковец-Берат.

Во меѓувреме во земјата расте бројот на пожари. Моментно пожар од поголеми размери има над селото Машкулоре, кај јужниот град Ѓирокастро.

Пламените јазици кои траат со часови се лоцирани на оддалеченост од речиси 500 метри од населена зона. Најавено е негово гаснење од воздух./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата