На протестот, кој треба да трае до полноќ, насобраните повикаа уште еднаш да се утврди одговорноста на сите одговорни за трагедијата на станицата во Нови Сад во која загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, пренесе Индекс.
Во блокадата на Варадинскиот мост во Нови Сад учествуваат околу 1.500 луѓе кои бараат одговорност за трагедијата на станицата, јавува репортер на агенцијата Бета.
Неколку претставници на опозицијата и некои активисти и новинари се пред полициската станица Стари град во Нови Сад. Претходно приведените активистки Мила Пајтиќ и Доротеја Антиќ наводно ги нема, иако Антиќ пред неколку часа стапила во контакт со нејзиниот татко и му ја дала таа адреса.
Барањата се исти како и на протестот одржан во Нови Сад во вторник. Се бараат оставки од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ и премиерот Милош Вучевиќ, како и отстранување на ознаката за тајност од договорот за реконструкција на станицата.