Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија

1.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија

 Нивната цел е да покажат дека цела Србија е обединета во политичката борба и дека гласот на помалите градови е слушнат.

За време на денешниот протест попладнево во Белград ќе бидат блокирани Бранков мост и Газела преку реката Сава.

Протестот под слоганот „Сакаме избори“ прво беше најавен само во Пожаревац, но студентските и граѓанските организации на други места одлучија да организираат протести или да ги поместат своите протести за денеска и на тој начин да се приклучат на колективната акција низ целата држава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата