Протест на земјоделците од Грција, го блокираат граничниот премин Евзони

26.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Протест на земјоделците од Грција, го блокираат граничниот премин Евзони

Според инфомрациите од регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, преминот Евзони  бил блокиран од 12 до 16 часот за влез на товарни и патнички возила..

Земјоделците повеќе од еден месец бараат од Владата да ги исполни сите нивни барања поврзани со зголемените трошоци за производство, а иако на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред десетина дена им беа соопштени дополнителни мерки, изразија незадоволство и продолжија со активностите, кои кулминираа со големиот протест во Атина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата