Претставникот на Трамп остро го нападна Курти: Да не се залажуваме, не може да му се верува

3.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претставникот на Трамп остро го нападна Курти: Да не се залажуваме, не може да му се верува

Еве што точно напиша на Х:

„Имам многу пријатели во Косово и Албанија... и многу пријатели во Србија и во целиот регион. Администрацијата на Трамп работеше и ќе продолжи да работи за мир за сите на Балканот.

Но, ни требаат доверливи партнери.

Владата на Курти не беше доверлива ниту за време на првиот мандат на Трамп, ниту за време на мандатот на Бајден. И републиканците и демократите постојано го критикуваа Курти за едностраните потези кои го дестабилизираат регионот. Истото го направија и ЕУ и НАТО. Меѓународната заедница е обединета против Курти.

Американските компании се шират во Албанија и Србија, но не се прошируваат на Косово поради Курти.

Курти, исто така, се спротивстави на секоја американска идеја предложена од претседателите Клинтон, Буш, Обама, Бајден и Трамп.

Реториката што Курти сега ја користи, тврдејќи дека е близок до САД и подобар од сите претходни косовски влади, е апсолутно лажна. Не се залажувајте“.

Да потсетиме, Доналд Трамп неодамна објави дека ќе го назначи Гренел, поранешниот директор на националното разузнавање, за претседателски пратеник за специјални мисии.

Гренел претходно беше американски амбасадор во Германија, како и вршител на должноста директор на националното разузнавање за време на мандатот на Трамп од 2017 до 2021 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата