Пожарот што избувна во близина на источниот влез во градот Кавала, во северна Грција, е ставен под контрола, иако останува загриженоста за можно повторно разгорување поради силните ветрови во областа, објавува „Катимерини“.
Бидејќи се закануваше на станбени области и крајбрежни туристички делови, итно беа распоредени 42 пожарникари, 10 противпожарни возила и три хеликоптери.
Επεκτάθηκε προς Καβάλα το πύρινο μέτωπο στην Άσπρη Άμμο (φωτογραφίες) - https://t.co/avUXCuNPaK pic.twitter.com/tGVkmNsf6D
— kavala-portal.gr (@KavalaPortal) June 29, 2025
Системот за итни случаи 112 издаде предупредување, повикувајќи ги жителите да бидат внимателни и да ги следат официјалните упатства.
Како превентивна мерка, општина Кавала евакуираше блиско депо за возила.
Источниот влез на националниот пат Кавала-Ханти беше исто така затворен повеќе од два часа.