Противпожарната служба соопшти дека пожарот избувнал во област над обиколницата кај Солун.
Во соопштението се вели дека пожарот се проширил на сува трева, објави „Катимерини“. Дваесет пожарникари со осум возила биле на местото на настанот, обидувајќи се да го изгаснат пожарот.
Во меѓувреме, метеоролозите предупредија дека Грција и Балканот ќе бидат „изгорени од топлотен бран од Африка“ овој викенд. Температурите на 1.500 метри надморска височина ќе бидат до 10 степени над просекот од 1991-2020 година.
Пренесувањето на многу топли воздушни маси од Африка кон Балканот ќе биде поттикнато од атмосферската циркулација над Европа, според достапните податоци за прогнозата од Националната опсерваторија во Атина.
Ова ќе доведе до многу високи температури, почнувајќи од понеделник, 21 јули, а најмалку до петок, 25 јули. Се очекува температурите да надминат 44 степени Целзиусови, објави порталот „Прототема“.