Поврдени по судирите меѓу Србите и косовската полиција

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поврдени по судирите меѓу Србите и косовската полиција

Десетина луѓе, како што пренесува РТС, се повредени во инцидентите кои избија пред Општина Звечан на северот на Косово, испровоцирани од обидот новоизбраниот претседател на Општината да ја преземе должноста. Судирите меѓу локалното население и косовската полиција избија откако косовските Срби се обидоа да ги спречат косовските специјалци да воспостават ред и да ја гарантираат безбедноста на новиот градоначалник – Албанец, Иљир Пеци за да почне со работа.

-Тргнаа и на жените и на мене. Не прскаа со солзавец. Ме влечеа меѓу два автомобила и почнаа да ме тепаат. , изјави Александар Арсенијевиќ Граѓанската иницијатива „Српски опстанок“

Операцијата на косовските специјалци во четирите општини со мнозинското српско население ја најавија сирени, а нереди, освен во Звечан, избија и пред општинските згради во Лепосавиќ и во Зубин Поток, каде косовските специјалци упаднаа, а локалните Срби со жив штит се обидуваа да спречат градоначалниците Албанци да ја преземат должноста.

-Пукајте, пукајте слободно, никој нема да се помрдне. Никој нема да ве задева. Дајте им на луѓето вода. , жител на Звечан

-Три проценти излегоа (на избори) и вие со три проценти сакате да спроведувате закон. Тоа е терор над народот. , жител на Звечан

Српскиот претседател Вучиќ ја стави армијата во состојба на највисока борбена готовност и и наложи на војската да се распореди долж административниот премин со Косово.

-Генералштабот на вооружените сили на Србија издаде дополнителни наредби единиците на Вооружените сили на Србија да заземат одредени позиции кои беа дефинирани во согласност со нашите одбранбени планови, стратешки планови, а понатаму и со оперативно тактичко дејствување на вооружените сили на Србија, се со цел заштита на суверенитетот на Република Србија. , изјави Милош Вучевиќ, министер за одбрана

Новите тензии следат откако вчера новите претседатели на трите општини положија заклетва и станаа први градоначалници од албанска нациоаналност од формирањето на структурите на локалната власт. Тие беа избрани на изборите пред еден месец, откако Србите кои се мнозинство во овие општини на повик на Белград ги бојкотираа изборите. Тогаш гласаа само Албанци, а излезноста беше неполни четири проценти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата