Поведена постапка против претседателот на Црна Гора за кршење на Законот за финансирање

3.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поведена постапка против претседателот на Црна Гора за кршење на Законот за финансирање

АКС поведе иницијатива за поведување на постапка поради сомнението дека претседателот на Црна Гора го прекршил Законот бидејќи на 25 септември во текот на работното време бил ангажиран на промоција на својата изворна листа односно активно учествувал во предизборната кампања.

Пријава е поднесена и поради промотивниот спот за листата „За подобра Подгорица – Јаков Милатовиќ“, кој е снимен во кабинетот на претседателот на Црна Гора.

Милатовиќ има рок од пет дена да се изјасни за обвинувањата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата