Поради поплавите, во некои места во БиХ се одложуваат изборите закажани за в недела

4.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради поплавите, во некои места во БиХ се одложуваат изборите закажани за в недела

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина вечерва по средби со надлежните институции и доставени одговори од надлежните управи за цивилна заштита донесе заклучок според кој локалните избори закажани за в недела на повеќе места се одложуваат по катастрофалните поплави.

„Сите изборни комисии од основните изборни единици ќе продолжат со доставување на изборниот материјал до изборните комисии, во текот на утрешниот ден, согласно однапред утврдените планови, освен изборните комисии во Федерацијата БиХ и тоа: Јабланица, Коњиц , Фојница, Кисељак, Крешево, Бреза, Високо , Прозор - Рама, Бихаќ и градот Мостар“, се наведува во соопштението, пренесува „Аваз“ и се додава:

„За организирање на избори во овие изборни единици или поединечни избирачки места во овие изборни единици, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ќе одлучува на седницата што ќе продолжи утре во текот на денот по добивање дополнителни информации од терен.“

Исто така, се нагласува дека Централната изборна комисија на БиХ продолжува да го следи натамошниот развој на ситуацијата и во случај на потреба навремено ќе реагира со донесување соодветни заклучоци за организирање избори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата