Полета првиот Ф-16 на бугарското воено воздухопловство

25.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полета првиот Ф-16 на бугарското воено воздухопловство

Вооружените сили на оваа балканска земја треба да добијат 16 нови авиони Ф-16 кои ќе ги заменат авионите од советско потекло.

Корпорацијата Локхид Мартин вчера, 24-ти октомври објави дека полетал првиот Ф-16 блок 70 за бугарските воздухопловни сили (Военновъздушни сили). Летот се одржал во вторник, 22 октомври, со пробниот пилот Чарлс „Тагач“ Хоаг зад контролите на Ф-16.

Авионот полетал од пистата во фабриката Гринвил во Јужна Каролина и за време на летот биле проверени перформансите на F-16 и неговите „суперсонични способности“, се вели во соопштението на производителот.

Бугарија нарачала вкупно 16 авиони од овој тип во два посебни договори потпишани во 2019 и 2022 година. Ф-16 треба да ја заменат флотата на стари МиГ-29 на кои моментално се потпираат воздухопловните сили.

Локхид Мартин објави дека неодамна тестираниот авион ќе биде првиот што компанијата ќе го испорача во Бугарија и дека оваа земја ќе биде вториот европски корисник на F-16 Block 70.

Додека се чека испораката на американски авиони, на бугарските сили во воздушните патроли над земјата ќе им помагаат пилоти и авиони на воздухопловните сили на Италија и Грција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата