По налог на СПАК уапсен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај

10.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По налог на СПАК уапсен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај

- По изминатиот период на истрага за четири кривични дела, агенти на Националното Биро за истраги, влегле во просториите на Oпштината, извршувајќи го налогот против него. Извори блиски до СПАК потврдуваат дека специјалните обвинители побарале од Специјалниот суд против корупција и организиран криминал (ЃККО) безбедносна мерка „затворски притвор“ не само за Велиај, туку и за уште еден висок функционер, додека домашен притвор за сопругата на Велиај, Ајола Џоџа, објавија албанските медиуми.

Велиај (46), кој на чело на Тирана трет мандат, се товари за „пасивна корупција на високи државни функционери или локални избраници; активна корупција на високи државни функционери или локални избраници, перење пари од криминал или криминална активност и одбивање на пријавување, непријавување, прикривање или лажно пријавување имот, приватни интереси на избрани лица и јавни функционери или на кое било друго лице кое има законска обврска да се изјасни“.

До сега нема официјално соопштение за „денешниот земјотрес во Тирана“, како што медиумите го нарекуваат апсењето на Велиај.

Во меѓувреме Еди Рама, премиер и лидер на Социјалистите, чиј член е Велиај, ги откажал сите активности и итно се вратил од северниот град Скадар, каде беше во посета./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата