Само вчера во повеќе градови низ Црна Гора доброволно се вратени 47 парчиња оружје, 1.449 парчиња муниција, четири рачни бомби и делови од огнено оружје, објави Телеграф.
Од територијата на Подгорица, Даниловград и Цетиње доброволно се вратени 19 парчиња огнено оружје, од кои 10 пиштоли и девет пушки, 606 парчиња муниција од различен тип и калибар и четири бомби.
Од областите Бар, Херцег Нови и Будва, доброволно се вратени 14 парчиња оружје и 502 парчиња муниција од различен тип и калибар.
Од областите Бијело Поље, Беране, Мојковац и Плав доброволно ѝ се вратени на полицијата вкупно 10 парчиња оружје, од кои шест пиштоли и четири пушки, 184 парчиња муниција и три рамки за пиштоли.
Во Никшиќ и Пљевља вратени се четири парчиња оружје, од кои една пушка и три пиштоли, 157 парчиња муниција и рамка од оружјето.
Од почетокот на јануари до Управата на полицијата доброволно се предадени вкупно 608 огнено оружје, 19.617 парчиња муниција, 60 рачни бомби, како и повеќе делови од оружје и експлозивни направи.
Ова е периодот по масакрот во Цетиње, кога на 11 јануари Ацо Мартиновиќ по расправија во кафана уби 12 лица, меѓу кои две деца, а рани четири лица, од кои едното подоцна почина, пред да се самоубие.