Петковиќ: Од доаѓањето на Курти на власт во Косово регистрирани 555етнички мотовирани инциденти

30.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петковиќ: Од доаѓањето на Курти на власт во Косово регистрирани 555етнички мотовирани инциденти

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, денеска соопшти дека од преземањето на власта на косовскиот премиер Албин Курти, евидентирани се 555 етнички мотивирани инциденти и оцени дека недостига акцијата на Мисијата на Европската Унија (ЕУЛЕКС) за заштита на Србите, јави Бета.

Петковиќ изјави дека законите што ги донесе официјален Белград како форма на поддршка за српскиот народ на Косово немаат никаква врска со обврските од бриселскиот дијалог, туку, како што рече, се директна последица и реакција на угнетувањето на Србите од властите во Приштина.

Директорот на српската владина канцеларија додаде дека овие закони се резултат на „отсуството на видливи дејствија на мисијата ЕУЛЕКС за заштита на српскиот народ и обезбедување владеење на правото и спречување на хуманитарна катастрофа“ предизвикани, како што оцени, со „едностраните потези и насилството на Курти врз Србите. Тој од ЕУ побара да одговори на неколку прашања, меѓу кои затворањето на српските институции, апсењето на Србите, забраната за динарскиот платен промет.... наместо, како што оцени, да се води „политика на двојни стандарди“.

Петковиќ изјави дека „од доаѓањето на Курти на власт, забележани се 555 етнички мотивирани инциденти, 127 ескалирачки потези на режимот во Приштина“, и додаде дека од повиците од 27 земји од ЕУ, Приштина итно да ја деескалира ситуацијата на Косово, од 3 јуни 2023 година, речиси 20 отсто од Србите се иселиле од северот.

Во изјавата тој наведува дека Србите се иселиле поради теророт на Курти и, како што истакна, „невозможните услови за живот на Србите“ што ги создала приштинската влада.

„Ако постоеше владеење на правото, ако Србите имаа некаква правна сигурност, ако мисијата ЕУЛЕКС ја исполнеше својата задача, ако некој е одговорен за пукањата, апсењата и тепањата на Србите, законот што беше донесен од надлежните органи од Белград не ќе беше потребен“, рече тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата