Патничкиот сообраќај на грчките аеродроми зголемен за 9,1 отсто

16.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Патничкиот сообраќај на грчките аеродроми зголемен за 9,1 отсто

 Во првите осум месеци од годинава односно во периодот јануари - август, патничкиот сообраќај на 39 аеродроми во Грција се зголемил за 9,1 отсто во споредба со лани, додека авионскиот сообраќај се зголемил за 6,8 проценти, соопшти  Службата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, бројот на патници на грчките аеродроми оваа година е за над 4,5 милиони повисок од лани, односно во изминатите осум месеци изнесува 54.769.867, наспроти 50.191.061 патник во истиот период лани.

Во однос на сообраќајот на авиони, домашните и меѓународните слетувања и полетувања зголемени се за 6,8 проценти на сите 39 аеродроми во земјата чија контрола на воздушниот сообраќај главно ја врши конкретната служба. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата