Голем арсенал на огнено оружје од различен вид, куршуми, експлозивен материјал открила, меѓу другото, грчката полиција при претреси во три стана и два подруми во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и уапси пет лица – членови на криминална мрежа активна за поседување, снабдување и трговија со оружје и експлозивен материјал, јави дописничката на МИА од Атина.
Уапсените се товарат за низа кривични дела и ќе бидат изведени пред јавен обвинител, а според грчките медиуми дел од криминалната мрежа се татко и син. /МИА