Остра реакција на САД: Блинкен-Косово непотребно ги ескалира тензиите

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Остра реакција на САД: Блинкен-Косово непотребно ги ескалира тензиите

САД силно ги осудуваат дејствијата на владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на северот на Косово, дејствија што ги презедоа против советите на САД и европските партнери на Косово. Тоа се нагласува во пораката на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Тие акции остро и непотребно ги ескалираа тензиите, поткопувајќи ги нашите напори да помогнеме во нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и ќе имаат последици за нашите билатерални односи со Косово. Го повикуваме премиерот Албин Курти да го смени курсот и сите страни да се воздржат од какви било понатамошни дејства што ќе ги разгорат тензиите и ќе промовираат конфликти“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата