Османи со Главчев за косовските аспирации кон НАТО и бугарската поддршка за Косово

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Османи со Главчев за косовските аспирации кон НАТО и бугарската поддршка за Косово

Како што соопшти косовското Претседателство, Османи на средбата со Главчев истакнала дека Бугарија е непоколеблив поддржувач на Косово во нејзините напори за зачленување во меѓународните организации.

-Во овој контекст се разговараше и за аспирациите на Косово за членство во НАТО и за континуираната поддршка од нашите бугарски партнери, се вели во соопштението.

Според Османи, „меѓу двете држави постои силно партнерство и заедничка посветеност на регионалната стабилност и безбедност“./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата