Опозициските советници во Крагуевац молчеа на 23-часовна седница

24.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Опозициските советници во Крагуевац молчеа на 23-часовна седница

Опозициските советници одлучија времето за говор да го искористат за молчење на говорницата, бидејќи о дневниот ред не беа вклучени точки за поддршка на студентските барања.

Дополнителна причина за молчењето било одбивањето на мнозинството да го дополни дневниот ред со предлог за смена на заменик-претседателката на градскиот парламент, Анѓелка Стојковиќ, поради нејзини фашистички изјави за пратеничката Мариника Тепиќ.

Во претпладневните часови, струјата во салата се исклучи токму кога опозицискиот советник Јовица Радовановиќ најави „обраќање со молчење“.

По прекинот, следеа консултации меѓу претседателот на Собранието и шефовите на советничките групи, но опозицијата не го прифати предлогот заменичката усно да се извини, ниту да се одложи поддршката за студентите за по Нова година.

Опозицијата објасни дека молчењето е обид за создавање простор за дијалог и постигнување договор за итна седница. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата