Нов закон во Србија предвидува формирање постојана комисија за проверка и ревизија на избирачкиот список

18.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов закон во Србија предвидува формирање постојана комисија за проверка и ревизија на избирачкиот список

Според неа, новите законски решенија ќе придонесат за транспарентност на изборниот процес.

Брнабиќ рече дека предлог-законот е изменет шест пати и дека е создаден како резултат на компромис меѓу владата, опозицијата и организациите на граѓанското општество.

Таа додаде дека комисијата ќе има овластувања и целосен увид во избирачкиот список и ќе може да побара дополнителни информации од сите државни органи, а ќе биде составена од 10 члена.

„Пет кандидати ќе доаѓаат од владејачкото мнозинство, тројца од опозицијата и двајца од граѓанското општество. Сакаме да постигнеме инклузивност и учество. Ќе се погрижиме да нема политички прекршувања, а мандатот на комисијата ќе биде пет години“, рече Брнабиќ.

Предлог-законот е со висок квалитет и потребни се 18 месеци за да се изготви и се надева дека избирачкиот список ќе биде ревидиран на следните избори. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата