Нето добивката на банките во Србија во првата половина од годината изнесуваше 775 милиони евра

10.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нето добивката на банките во Србија во првата половина од годината изнесуваше 775 милиони евра

Во споредба со првите шест месеци од минатата година, нето добивката на банките се зголеми за помалку од два проценти.

Билансите на банките објавени од Народната банка на Србија покажуваат дека доколку банките што работат на домашниот пазар ги повторат резултатите од првите шест месеци во втората половина од годината, нивната добивка ќе биде на ниво од лани кога, по плаќањето на даноците, собраа рекордни 1,5 милијарди евра.

За првите шест месеци од 2025 година, италијанската „Интеза“ води по профит со 134,4 милиони евра и е на пат да ја надмине минатата година.

Австриската Рајфајзен банка е на второ место со 121,5 милиони евра, италијанската Уникредит е трета со 101,8 милиони евра, а унгарската ОТП е четврта со 101,4 милиони евра нето добивка.

„Големата шесторка на српскиот банкарски сектор ја комплетираат словенечката НЛБ Комерцијална банка со добивка од 87,3 милиони евра и домашната приватна АИК банка со нето добивка за првите шест месеци од 84,5 милиони евра. Овие шест најголеми банки остварија дури 81,5 проценти од вкупната добивка на целиот банкарски сектор, кој го сочинуваат 19 банки“, наведува Данас.

Две банки забележаа загуби во првите шест месеци: Јетел банка од 2,6 милиони евра и Мирабанка со загуба од 277.000 евра. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата