НАЈНОВИ ДЕТАЛИ од убиството во школото Рибникар, Белград: МАСКАР ЗА САМО 120 СЕКУНДИ

21.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАЈНОВИ ДЕТАЛИ од убиството во школото Рибникар, Белград: МАСКАР ЗА САМО 120 СЕКУНДИ

Истрагата за грозоморното злосторство што го извршил малолетниот Коста К.(13) во 8 часот и 40 минути на 3 мај годинава во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар кога уби 9 ученици и чувар, а повреди седум ученици и наставник, се уште е во тек а во моментов се вештачат 7 докази, но еден е клучен.

Покрај пиштолот, молотовите коктели, телефонот, компјутерот, гардеробата на момчето, како и личните „белешки“ во кои има тетратки и книги што ги читал, има и „апарат“ кој се чува како главен доказ. И тоа е седмиот доказ. А клучниот доказ е надзорот, камери од училиштето. Се верува дека на нив има снимки од овој невиден масакр“, вели соговорник на Телеграф од истрагата и додава:

„Работиме на тоа на кого се јавувал, за што точно разговарал со луѓето со кои бил во контакт, дали се скарал со некого, дали имал симпатии, невозвратена љубов, зошто жртви претежно му биле девојките, дали тој се заканувал некому, дали некој му се заканувал. Компјутерот се чешла буквално до денот кога К.К почнал да го користи. Значи, до најмали детали се истражува што гледал, што го интересирал… Се истражува и дали тој вежбал гаѓање на друго место освен на стрелиштето со татко му. Се истражува и дали можеби некому најавил што ќе прави. Исто така, не се знае како момчето ја знаело шифрата на сефот на неговиот татко“.

– Работеше видео надзорот, беше во употреба и беше земен како доказ. Кој повика полиција? Ја повикала помошникот директор на училиштето. Дали се јавил во полиција убиецот? Да, се јави и тој. Дали полицијата стигна по 10 минути, да, пристигна, но не можам да соопштам детали кои се многу важни за целосна истрага – изјави неодамна во Собранието министерот Братислав Гашиќ.

Инаку, момчето убило човек од обезбедувањето, а потоа им ги одзело животите на тројца ученици во салата. Потоа влегол во училницата каде што се одржувал час по историја. Таму убил петмина.

Според информациите од истрагата, момчето во средата влегло во училиштето во 8 часот и 40 минути, а две минути подоцна повикало полиција во 8 часот и 42 минути. Кривичното дело го извршил за само 120 секунди, со пиштол ЦЗ99 кој му го одзел на татко му В.К., инаку познат радиолог. По апсењето, во неговиот ранец биле пронајдени уште еден пиштол и 4 молотови коктели. Акцијата ја започнал со пет патрони.

Неговиот татко е осомничен дека го оставил оружјето необезбедено. На сите обвинувања на истражителите, В.К. рече „дека не е виновен“. Во својот стан во кој живеел и К.К., во сефот имал 5 пушки и два пиштола.

Како што беше кажано претходно, тој го однел својот син од 12-годишна возраст на познато стрелиште во Белград, каде научил да пука, а таму наводно бил еден месец пред злосторството.

По апсењето, малолетникот не покажал каење.  Момчето моментално се наоѓа на психијатриско одделение.

Десеттата жртва починала во болница
Девојчето кое 12 дена се бореше за живот почина пред 5 дена од повредите кои ги доби во страшната престрелка што се случи во Основното училиште „Владислав Рибникар“ кога К.К.(13) го изврши масакрот.

Лекарите на УДК „Тиршова“ сите 12 дена вложиле натчовечки напори да и го спасат животот. Таа е десетта жртва, а била на списокот што момчето го правел пред злосторството.

Таа била на „списокот“ со наводно уште 15 ученици од класот на кој присуствувал и самиот К.К. Меѓутоа, на списокот што го направил 13-годишникот не биле сите убиени или ранети ученици.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата