Најмалку двајца загинати во силно невреме со ветришта, дожд и снег во Бугарија (ВИДЕО)

19.11.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку двајца загинати во силно невреме со ветришта, дожд и снег во Бугарија (ВИДЕО)

Полицијата соопшти дека еден маж загинал кога неговото комбе удрило во паднато дрво на главниот булевар во Софија, додека жена била загинала во Варна кога била погодена од гранка што паднала од дрво.

Силните ветрови и обилните врнежи од дожд и снег предизвикаа големи штети и го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во повеќе градови и села, соопштија властите.

Жителите на источна Бугарија, која е најтешко погодена од невремето, изјавија дека никогаш не доживеале вакво невреме, пренесува АП.

Во црноморскиот град Варна е прогласена вонредна состојба поради дожд и снег пропратени со бурен ветер. Градските власти соопштија дека е нарушено снабдувањето со електрична енергија во сите општини во Варна и дека клучните улици се блокирани од паднати дрвја и гранки и ги повикаа граѓаните да останат дома и да ги користат автомобилите само во итни случаи.

Меѓународниот аеродром во Варна е отворен, но има одложени и откажани летови. Бугарските метеоролози денеска издадоа предупредување за опасно невреме за поголемиот дел од источна Бугарија, наведувајќи дека ударите на ветерот ќе достигнат брзина од 125 километри на час.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата