На локалните избори во Подгорица ќе учествуваат 13 листи

4.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На локалните избори во Подгорица ќе учествуваат 13 листи

Граѓаните ќе изберат 59 советници, еден повеќе од претходниот состав избран во октомври 2022 година. Во Подгорица регистрирани се 145.908 граѓани со право на глас.

Вонредните локални избори ќе чинат околу 270.000 евра.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ поранешни сојузници, сега се главни конкуренти во борбата за власт во Подгорица. На изборните листи има и неколку поранешни министри, но и група граѓани. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата