На 10 години затвор е осуден поранешен албански министер за животна средина, ќе одлежи помалку

8.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На 10 години затвор е осуден поранешен албански министер за животна средина, ќе одлежи помалку

На Кока, кој беше уапсен во средината на декември 2021 година му е изречена затворска казна во траење од 10 години, но поради согласноста за скратен судски процес, казната е намалена на 6 години и 8 месеци.

Обвинението го товареше  за неколку кривични дела,  во врска со истрагата за процедурата за договорот за концесија за изградбата на пречистителната станица за урбан отпад и производство на енергија во Елбасан, централна Албанија, која никогаш не профункционира.

Истрагата покажала дека не е спроведена нормална законска процедура што се однесува до видот на постапката што е користена за доделување на концесијата за која станува збор.

Од фирмите корисници на договорот за концесија побарал, Кока прифатил и примил на индиректен начин неправилни парични поволности преку формирање фиктивна шема за извршување на работите на фирмата концесионер, користејќи некои други фирми што се индиректно контролирани од негова страна, од членови на неговото семејство, како и  од страна на трговски субјекти во негова сопственост.

Министер за животна средина на Албанија беше  од 2013 до 2017 година.

Во овој коруптивен случај осудени се и бизнисмените  Клодијан Зото и Мирел Мертири, кои добија идентична казна како и Кока.

 Алќи Блако, поранешен пратеник од Социјалистичката партија, за злоупотреба на службената должност, доби 4 но ќе одлежи 2,8 години.

Осудени се  и петмина други носители на високи функции во министерството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата