Му ја запалиле куќата на чичкото, кој ја уби 11- годишната внука од Грција, ќе го линчувале

13.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Му ја запалиле куќата на чичкото, кој ја уби 11- годишната внука од Грција, ќе го линчувале

Објектот во Миртија Пиргош во месноста Илија се запалил неколку минути пред погребот на малата Василика која исчезнала во неделата, а нејзиното тело со бројни повреди беше пронајдено во понеделникот на нива.

Осомничениот за убиството признал дека сакал да има секс со девојчето, но кога таа го одбила и се заканила дека ќе им каже на родителите, тој ја избодел со шрафцигер и ѝ го фрлил телото на нива.

Локалните медиуми јавуваат дека група непознати лица фрлиле факели кон домот на чичкото, а се верува дека станува збор за чин на одмазда за бруталната смрт на девојчето.

Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот и го локализирале пожарот, а како што се наведува, во куќата во моментот на нападот не биле членовите на семејството на осомничениот, бидејќи претходно го напуштиле селото, стравувајќи дека може да се случи вакво нешто.

Бројни членови на семејството на убиеното девојче и нивни пријатели сакале да го линчуваат осомничениот додека вчера бил донесен во обвинителството да даде исказ. На крајот, обвинителот морал да оди во притворското одделение за да го сослуша осомничениот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата