За бугарските политичари вчерашното гласање за Извештајот на напредокот на Македонија, во Европскиот парламент е како победа. Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во Европската Унија и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид.
Зборувајќи за премиерот Христијан Мицкоски, тој го нарече „северномакедонски“ премиер.
„Успеавме да спречиме ЕП да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски. Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка со сугестии кои се неплодни.“изјави Георг Георгиев во интервју за БТВ .
Овој став на Георгиев доаѓа по извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани зборовите „македонски јазик и идентитет“.