Македонците од Албанија со декларација бараат одржување на нов Попис

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонците од Албанија со декларација бараат одржување на нов Попис

Во декларацијата од 8 точки објвена од МД Илинден Тирана, обвинуваат за пописен фалсификат и велат дека ги отфрлаат резултатите кои според нив, не се прифатливи за нив, но и за останатите малцинства. Посочуваат и дека и покрај постојаните предупредувања, институциите и власта во Албанија не сториле ништо за како што велат, пописниот фалсификат, но и за грубото мешање на Бугарија пред и за време на статистичката операција. Првиот човек на друштвото Никола Ѓурѓај, за Канал 5 вели дека покрај од македонското, пописот е оспорен и од останатите малцинства.  

-МД Илинден Тирана, не ги признава резултатите за пописот спроведен во Албанија. Како друштво анализиравме дека е груб фалсификат и мешање од бугарската држава. Бараме од властите во Албанија сериозно да се занимаваат со пописот, бидејќи не ја прикажува реалната слика на Македонците во Албанија. / И грчкото малцинство го оспорува пописот, и влашкото и во наредниот период ќе излеземе заедно да бараме од албанските институции поништување на пописот и да се спроведе пак со меѓународни стандарди,- - Никола Ѓурѓај – МД Илинден – Тирана .

 Според Ѓурѓај, албанските власти морале да реагираат на мешањето од официјлна Софија и притисоците кон локалното население. Бугари до сега немало на ниту еден попис во Албанија, а целата ситуација смета дека се должи на желбата за влез на Албанија во ЕУ.

-Во сите пописи спроведени во Албанија, нема изјаснето луѓе дека се Бугари и тоа е чудото, не може во 2023 да се попишат Бугари кога ги немало во сите претходни пописи. Националните малцинства секогаш си имаат континуитет. Не може од 2018 да се појави малцинство. Разочарани сме од албанските власти бидејќи не преземаа ништо, ние сме колатерална штета за влез во ЕУ,- - Никола Ѓурѓај – МД Илинден – Тирана .

За резултатите од пописот во Албанија реагираше и македонското МНР, од каде изразија загриженост поради бројните нерегуларности нотирани од македонските здруженија, но и дека бројките не ја отсликуваат реалната слика за Македонците во Албанија. Дополнително, поради пописот, во земјава на консултации беше повикан и амбасадорот Данчо Марковски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата