- Мигрантите кои со импровизирани чамци го напуштиле либискиот брег Сабрата и Зуара, сега се на брод долг 80 метри, кој може да превезе до 80 морнари и околу 200 патници. Треба да пристигнат во албанското пристаниште Шнѓин во текот на утрешниот ден, по што ќе бидат сместени во кампот во Ѓадр, наведува весникот.
Додава дека за бродот кој исплови од Лампедуза до Шнѓин, за не цели два дена, Италија ќе потроши од 250.000 до 290.000 евра, вклучувајќи ги и морнарите, односно 18.000 евра по мигрант.
Според истиот извор за трансфер на мигрантите Италија ќе потроши вкупна сума од милијарда евра.
Се трансферираат само мажи, додека жени, малолетници, измачени и болни се испраќаат во Лампедуза и оттука се сместуваат во кампот, во очекување нивното барање за азил да биде прегледано од територијалните комисии.
Штом бродот ќе пристигне на пристаништето Шнѓин, мигрантите ќе се симнат и ќе подлежат на втора, потемелна проверка, по што ќе бидат префрлени во кампот во Ѓадр, кој е на дваесетина километри оддалеченост.
Кампот се состои од структура во која ќе бидат сместени до три илјади мигранти-баратели на азил месечно, има амбуланта со 144 легла и мал затвор со капацитет од 20 места.
Барателите на азил во рок од четири недели треба да добијат одговор: доколку одговорот е позитивен, ќе бидат префрлени во прифатниот центар во Италија. Во спротивно тие ќе бидат вратени во земјата на потекло./МИА