Кушнер ќе има средби со претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти.
На 12 јуни на свечена седница ќе се обрати и во Собранието на Косово. Најавена е и неговата посета на Грачаница и средба со епископот Рашко-Призренски Теодосије. Кушнер беше на чело на УНМИК од 1999 до 2001 година. Тој е поранешен министер за надворешни работи на Франција./МИА