Курти утрово беше повикан во обвинителството да даде исказ во врска со кривичната, која не е позната на јавноста.
Портпаролот на Специјалното обвинителство, Лиридона Козмаќи, изјави дека од кабинетот на премиерот ги известиле дека Курти патува во странство и не може да дојде во Обвинителството.
Козмаќи за медиумите изјави дека Обвинителството согласно законот ќе подготви уште една покана за Курти.
Косовските медиуми јавуваат дека Курти е повикан како сведок во случајот со злоупотреба на стоковите резерви./МИА