Инцидентот се случил во саботата на 20 јули на плажата Агиос Стефанос, а според крајбрежната стража големи бранови однеле две лица, кои биле повредени.
Во исто време, брановите ги однеле лежалките и личните работи на капачите, додека тие се мачеле да ги подигнат од водата.
На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот, на кое се гледа како крузерот плови блиску до брегот и создава големи бранови.
Кога бродот се закотвил во пристаништето во Рафина, службениците на Капетанијата на пристаништето Рафина го уапсиле капетанот.