Градоначалникот на општина Северна Митровица, Ерден Атиќ и претставници на КФОР разговараа за актуелната состојба во општината, со посебен фокус на зачувување на безбедноста и стабилноста, пренесува КоСсев.
Како што е наведено, Атиќ рекол дека безбедноста на граѓаните на Северна Митровица е од суштинско значење за секојдневниот живот и стабилноста на општината.
Атиќ разговарал за тоа во својата канцеларија со командантот на Регионалната команда Исток, полковник Питер Хелцер.
За средбата меѓу Хелцер и Атиќ се огласи и КФОР, нагласувајќи дека е дел од редовните активности на таа мисија со лидерите на локалните заедници.
„Тие разговараа за безбедносните проблеми и напорите на КФОР да обезбеди безбедна средина за сите луѓе на Косово“, наведено е во соопштението од мисијата.
КФОР повтори дека останува политички неутрален и дека ваквите состаноци им помагаат на командантите да бидат информирани за ситуацијата на теренот и нивните области на одговорност.